Таг: фикајо томори

Томори ли е ова или Малдини?

Фудбалерите на Милан продолжуваат успешно да го бркаат Наполи на врвот и со 6 победи и едно реми се на -2 од челната позиција. Внимавајте добро на клизачот на 23 годишниот Фикајо Томори, кој го земаа од Челси и му дадоа договор до 2025-та. Матео Песина од Аталанта не знаеше што му се случува.

Томори за голот со Јуве скокнал до рекордни 2.65 метри, ама не е Роналдо да го зборуваат

Стоперот на Милан кој е позајмен од Челси со право на откуп по крајот на сезоната, одигра фантастични неколку месеци и е меѓу позаслужните што росонерите го чуваат местото кое после долги години ќе ги однесе во Лига на шампиони. Фикајо Томори против Јувентус постави нов рекорд за одраз од земја при постигнат гол со глава.

Кличази на викендот

Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 1-2 на гости и покажаа дека излегле од мини-кризата по двете нерешени со Црвена звезда и поразот од Специја. Меѓу најзаслужните за триумфот на росонерите беа Томори и Тонали кои спасија чист гол од една акција на Рома.

Импресивен блок со клизачи на дете на Челси

Фикајо Томори е 21 годишен Канаѓанец од школата на Челси. Дефанзивецот се калеше во помали клубови, а има изгледа добро се искалил бидејќи Сините сезонава му дадоа 12 шански за настап на сите натпреварувања. 

Два баш смешни автогола на Челси - Дерби

На „Стемфорд Бриџ“ синоќа се врати една од најголемите икони во клупската историја на Челси, Френк Лампард, како тренер на Дерби Каунти. Се играше дуел од Лига Купот, „Сините“ славеа 3:2 а гостите си дадоа два комични автоголови.