Таг: феран торес

Голема утка на Торес на Стемфорд Бриџ

Барселона си замина од Лондон со убедлив пораз од 3:0. Уште во 5-та минута од стартот на мечот, ја имаа шансата на вечерта, која беше чиста како солза за 0:1. Но, на Торес нишанот му беше тотално изместен.

Шах-мат акција во три потези на Барса

Со двата гола на Феран Торес во прво и еден на Дани Олмо во второ полувреме, Барселона лесно се справи со Хетафе (3:0). Го издвојуваме првиот гол на мечот режиран од триото Рафиња - Олмо - Торес. Фантазија и атракција во три потези.

Убаво деби голче на Торес за Барселона

Фудбалерите на Барселона загубија од Атлетик Билбао со 3:2 и со тоа се елиминирани во Купот на Шпанија. Ама зимово добија засилување од Манчестер Сити вредно 55 милиони евра, кое ветува многу. По дебито против Реал Мадрид во Суперкупот, 21 годишниот Феран Торес го бележи вториот настап за Каталонците на кој го постигна првиот гол. Браво момче, одлично одиграно.

Шпанска магична тики-така на 60 метри далечина

На последниот тренинг на Шпанија на величествениот „Сан Сиро“, каде вечерва од 20:45 ќе играат со Италија во полуфинале на Лига на нации, Феран Торес и Родри демонстрираа невозможна контрола на топка со долги додавања од 60 метри растојание.