Како член на младинските категории на Палмеирас, малиот Габриел Жесус во 2014-та се придружил на акцијата фарбање улици и скали во боите на бразилското знаме во пресрет на Мундијалот во оваа земја. Ни самиот не бил свесен дека две години подоцна, тој лично ќе го води нападот и ќе биде прв стрелец на репрезентацијата.