Таг: факундо кампацо

Проба да му ја земе на Кампацо од раце, ама го снема

Имаме нова забава со легендарниот кошаркар на Реал, Факундо Кампацо кој овој пат си поигруваше со играчите на Хјустон. Денвер славеше 124:111, а аргентинскиот плејмејкер постигна дабл дабл учинок од 24 поени и 12 асистенции. Погледнете го ова дробење.

Јокиќ и Денвер одиграа партија сервис и го поканија Меси

По шокантната вест дека Аргентинецот после 21 година заминува од Барса, се распали интернетот. Денвер Нагетс споделија едно видео на кое се гледа како Јокиќ, Кампацо и соиграчите играат сервис, со натпис над видеото: „Еј Меси... мислиме дека добро би се вклопил овде“.

Тројката на Кампацо под тежок фаул

Аргентинецот Факундо Кампацо, евролигашка легенда на Реал Мадрид, синоќа по втор пат играше како стартер за Денвер Нагетс во поразот од Вашингтон Визардс 130:128 и за 25 минути постигна 14 поени со 1 скок и 1 асистенција. Имаше тројка под криминален фаул од Герисон Метјус кој како камион го удри Факу.

Не би нагаѓале што би му направил Жељко за ваков фаул

Во 23. коло од Евролигата Реал Мадрид само благодарение на противничкиот играч Ник Стаускас, бекот на Басконија, славеше 70:69. Имаа гостите нерешен резултат и продолженија во рака на само 4 секунди пред крајот, за Канаѓанецот Стаускас буквално на 2 секунди од сирената за крај да го фаулира Кампацо. Соиграчите полудеа, а тренерот Душко Ивановиќ се држеше за глава.

Кампацо докторски

Аргентинците на убедлив начин ја победија Србија 97-87 и се пласираа во големото полуфинале каде ќе ги чека или САД или Франција. Факундо Кампацо и ветеранот Скола одиграа маестрална партија за „гаучосите“.

Од таму шутирај колку сакаш на Ел Класико

Кошаркарите на Реал Мадрид и направија потоп на Барса која ја совладаа со 27 поени разлика. Потегот на мечот го имаше Факундо Кампацо кој даде кош од паркинг, а нашите монтажери не губеа многу време.