Младинската репрезентација на Португалија со 11-0 го совлада Лихтенштајн во квалификации за Европско првенство У-21. Португалците на полувреме водеа 9-0, во втор дел дадоа уште два а речиси цел меч пробуваа гол со ножички. Му успеа на 20-годишниот Гонсало Рамос од Бенфика кој постигна четири гола.