На 30. јуни во финалето на ЕП 1996 на Вембли се сретнаа Германија и Чешка. Во мечот кој заврши 1:1 во регуларните 90 минути, се одеше кон продолженија каде Оливер Бироф го постигна првиот Златен гол на едно големо натпреварување. Правилото, кое на многумина им делуваше глупо значеше оној кој ќе даде гол во продолженија е победник и мечот завршува без доигрување на останатото време. Тоа беше и прв голем пехар за обединета Германија.