Лепота од видео ни застана на патот на социјалните мрежи. Се слави на големо, се пука шампањ, се скандира шампиони, шампиони. Тренер Андон Дончевски (најдобар стрелец во историјата на Вардар). Ги гушка негови помошници, уште двајца легенди на клубот, Кочо Димитровски (најмногу настапи во историјата на Вардар) и Методија Спасовски (втор најдобар стрелец). Каков носталгичен клип.