Иако со децении играат во различни лиги и пред секоја ждрепка за Купот се молат да паднат едни против други, навивачите на Вест Хем и Милвол ретко имаат прилика да се сретнат. А кога ќе се сретнат, како пред некоја вечер на боксерски меч меѓу Џими Гартон (познат навивач на Милвол) и Гери Коркоран ќе се случи тоа што за жал се очекува да се случи.