Слика од Густав Климт се познава од далеку - портретите со златни фустани, инспирирани од Јапонки, еден од нив и инспирација за филмот „Жената во златно“. Денес делата му се продаваат за стотици милиони, особено оние со шарените, скоро психоделични принтови, но прашањето е - постоеле ли стварно? Ако да, кој ги создал?