Актуелниот шампион на Европа синоќа доби две шлаканици од новиот прволигаш, кој во рок од 4 минути направи пресврт за златни 3 бода. Голот за израмнување е како да гледате двајца Меси во налет. Рамос и другарите не знаеа кај се наоѓаат.
Во поразот на Џирона од Барселона 0-3, домашниот фудбалер Пабло Мафео добил стриктна задача да го чува Лионел Меси на начинот „фластер“ како што викаат тренерите. Ама тој ептен буквално го сфатил тоа.