Таг: џердан шаќири

Шаќири директно од корнер против Англија, овој пат за малку

Јунакот пак ќе се презиваше Шаќири, а жртва Англија, но овој пат тоа не беше Аце од Македонија, туку Џердан од Швајцарија. И не во квалификации, туку во продолженија за пласман во полуфинале на ЕП. Незгодниот Шаќири влезе во игра во 109-та минута и веќе во 117-та им ги стресе гаќите на Англичаните.

Шаќири, немаш муда да шутираш

Двократниот европски првак Џердан Шаќири која има богата колекција од 18 клупски трофеи во кариерата, како член на Чикаго застана да му шутира пенал на голманот на Минесота. Се мести да му ја искине мрежата, а овој се обидува да го спречи со евтина маалска провокација „You have no balls”.

Шаќири, сега ни кравјо кисело млеко не ти помага

Џердан Шаќири е на заслужен одмор после шампионската титула со Ливерпул во Премиер лига, ама сега нека не планира одмор, бидејќи едно три дена нема да спие на раат. Пече ова.

Најјакиот гол во кариерата на Шаќири

Го постигна пред три години на мечот Стоук - Хал со ептен краток залет и левица мислиш Синиша Михајловиќ шутира слободен удар.

Каде исчезна Шаќири?

Џердан Шаќири или што би рекле коментаториве од Спортклуб, Џердан Шачири, последен пат е виден во прегратките на Јирген Клоп. Да не го видел некој после тоа?

Шаќири даде гол, ќе го пукам

Тетовски портал објави едно “нормално“ и “едукативно“ видео за славење на голови. Насловено е: „Албанецот не се држи до емоциите, го стрела пиштолот во куќата по голот на Шаќири“. И после зошто ги зборат дека вака се радуваат и на свадби.

Со Шаќири ништо не е случајно

Ако мислевте дека спектакуларните ножички на Џердан Шаќири против Полска на ЕП 2016 беа случајност, сте се зафркнале. Оваа снимка е од последниот тренинг на селекцијата на Швајцарија во пресрет на дуелот со Латвија во квалификациите за Мундијалот во Русија. Три од три.

Шаќири му го испи мозокот на Смолинг

Швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири важи за еден од најниските фудбалери, ама во игра еден на еден знае да изненади со финта ала Ибрахимовиќ по која лекот е само фаул. Снимката е од мечот Манчестер Јунајтед - Стоук 1:1.