Таг: џејсон вилијамс

Џејсон Вилијамс во контра не можеше никој да го предвиди

Во 2007-ма година, Мајами Хит го прогласи за еден од најдобрите 25 кошаркари во историјата на клубот, а со нив ја освои и единствената НБА титула во кариерата. Дефинитивно најкултен мангуп и магионичар со топка. Внимавајте како си поигра.

Јунаците на Сакраменто за кои останувавме будни

Биби, Вебер, Дивац, Даг Кристи, Стојаковиќ, Хидо Туркоглу, Скот Поларт, Боби Џексон против Коби, Рик Фокс, Шекил, Дерек Фишер и Роберт Хори. Каков мегдан беше тој поради кој се каснеше на работа, во школо, на факултет.

Минути со Џејсон Вилијамс

Забавата со непредвидливиот плејмејкер со топка во НБА лигата, заврши во 2011-та кога се пензионираше во Мемфис, а најдолго ја забавуваше публиката на Сакраменто Кингс. Синоќа дувна 40 свеќи, а ние ја избравме најдобрата компилација со негови потези.

Го паметите ли Џејсон Вилијамс?

Еден од најдобрите асистенти во историјата на НБА лигата знаеше и мижеечки да ја додаде топката во секое време. Се пензионираше пред три години и ги носеше дресовите на Мемфис, Сакраменто, Мајами и Орландо. Во силно друштво на Крис Вебер, Дивац и Стојаковиќ, Кингси им пркосеа на Лејкерси со Коби, Шек и Одом.