Таг: џејн биркин

Шарлот Генсбур за мајка ѝ и филмот „Џејн на Шарлот“

„Мајка ми има порака за вас.“ На сцена пред 1500 луѓе, Шарлот Генсбур, ќерката на Серж Генсбур и Џејн Биркин вади телефон од џебот и чита порака: „Сѐ е во ред и болницата во Нонт е неверојатна.“ Во средата, Џејн Биркин требаше да биде на 47-от Американски филмски фестивал во Довил, со Шарлот да го презентираат филмот, но во понеделникот имала удар.