Таг: џејми перчевски

Заради груб фаул над наш фудбалер, бараат да биде уапсен и депортиран

Австралискиот нисколигашки фудбал, ни го носи насилникот на годината. Се работи за напаѓачот на Спирит, Калум Кили, кој намерно, без топка го повреди дефанзивецот на Шаркс, Џејми Перчевски, кој инаку има играно за младинските селекции на Македонија. Судијата му даде втор жолт картон, а нашиов се превиткуваше од болка, додека Кили ги креваше рацете од болка и се правеше на тошо.