Се сеќавате ли на најјакиот момент од Токио 2020? Џанмарко Тамбери од Италија и Мутаз Еса Баршим од Катар, во дисциплината скок во височина имаа идентичен резултат: 2 метри и 37 сантиметри. Судијата им даде опција одново да скокаат за златото, но Катарецот даде невиден предлог, односно праша дали може и двајцата да добијат злато? Италијанецот скокаше од радост.