Таг: дујзбург

Има ли место меѓу кандидатите за гол на сезона за овој спектакл?

Викендов во трета германска лига се играше дербито меѓу второпласираниот Хале и првиот на табела Дујзбург. И 89 минути немаше ќор гол за пред крајот Теренс Бојд да го постигне можеби најубавиот гол во цела Германија во есенската полусезона. Победнички за три бода.

Вади кабли, гаси интернет, падна најглупиот автогол на сезоната

Во 33. коло од германската втора бундеслига играа Дујзбург и Хајденхајм. На домаќините за опстанок им игра само победа и три бода. Во 58’ минута при резултат 2-2, Дастин Бумхоер ја истакна кандидатурата за наградата „Дарвин“ за најглуп автогол. На крај 3:4 и Дујзбург во трета лига.

Во 96-та минута да ја решиш со рафал од 35 метри

Во мечот од 22. коло на германската трета лига меѓу Дујзбург и Минстер (3:2), играчиот од средниот ред на домаќините Фабиан Шнелхард во 96-та минута постигна спектакуларен гол.