МЗТ Скопје со победа против Кожуф од 83:69 го стартуваше четвртфиналето од плејофот. Втората четвртина од мечот донесе циркузантска сцена со тренерот на домаќините, Драган Николиќ кој незадоволен од судиска одлука, влезе на терен и бесрамно собори противнички играч.
МЗТ Скопје го доби големото дерби во Јане Сандански против Работнички со 91:87, ама во цел регион сè уште хит број 1 е реакцијата на Драган Николиќ, кој лудо ја прослави првата победа во АБА лига против Цедевита Олимпија.
Мајки, шајки, кретени, мајмуни... Тренерот на кошаркарскиот клуб Борац од Бања Лука, Драган Николиќ зајде од дерење и пцуење на тајм аутот против Пелистер. Инаку мечот од АБА 2 лигата го добија битолчани со 101:86.