Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство. Македонските репрезентативци беа доминантни во популарната видео игра уште во групната фаза со 4 победи и ниту еден пораз. Во полуфинале ја совладаа Романија со 2:0, а во финале Белорусија со 2:1.