Минатото коло во Бундеслига падна можеби најтикитака голот на сезоната. Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го нокаутираа Шалке на гости во последните пет минути. На вториот гол кој во 90’ минута го постигна Флоријан Нојхас му претходеше 61 додавање.
Дечките се заглавени во сообраќај или чекаат на граница, небитно. Битно е што знаат најдобро како да истегнат мусклули пред да продолжат на пат и да не се нервираат што ќе заглават. Па уште и концепт имаат во проигрувањата.
За чуварот на голот на Ливерпул на Википедија пишува: Лорис Кариус е професионален голман од Германија кој брани за Ливерпул. Човек да не го знаеше немаше да поверува дека голман од лидерот во Премиер лигата кој денеска го совлада Сандерленд со 2:0, може да направи ваков аматерски потег.
Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.