Таг: Ди-Џеј Стјуарт

Атракција во Евролигата на новиот репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Ди-Џеј Стјуарт го има најатрактивното забивање во новата рунда од Евролигата. Американецот кој летово доби македонски пасош и веќе одигра еден натпревар за нашиот национален тим, ја заби душмански на дуелот за неговата Басконија против Реал Мадрид. Стјуарт постигна 13 поени со само едно промашување од игра. Кралевите беа подобри со 104:86.