Таг: Дензел Думфрис

Сте виделе ли до сега прием со глава па гол со ножички?

На 2 јануари од фудбал во топ 5 лигите не паузираа само екипите на Интер и Аталанта, кои во Ријад играа полуфинале во Супер Купот на Италија. Славеше Интер благодарение на Дензел Думфрис, кој реализираше две голчишта во рок од 12 минути. Едното со ножички после необичен прием на топката на глава.

Думфрис ја извади од гол линија, па погоди статива

Содржајни први 45 минути во второто полуфинале на ЕП. По еден гол во двете мрежи, но и три 100% шанси во рок од 10 минути кои за влакно не беа реализирани. Думфрис спаси чист гол, па ја погоди пречката со глава. Англичаните одговорија преку Филип Фоден кој ја погоди стативата.