Таг: денизлиспор

Фудбалски старт за во Алкатраз

Овој што интервенира без акал се вика Озер Оздемир од Денизлиспор, а кутриов со број 13 е Жуниор Мораис од Газиантеп. Значи турска прва лига. Добро што стана на нозе после ваква кунг фу интервенција за која е малку и црвен картон. Ќе го убиеше бе слепец.

Штета што се играше без публика па немаше кој да го види голов

Изминатиов викенд се одиграа првенствени средби само во некои лиги. Турците уште тераат нормално, само без гледачи. Денизлиспор го победи Генчлербирлиги со спектакуларен гол на Хуго Родаљега.

Казнет Турчин изнајмил кран за да гледа фудбал од надвор

Навивач на Денизлиспор кој бил суспендиран 12 месеци од фудбалските стадиони, решил да најми кран за да го гледа неговиот клуб кој славеше со 5:0 против последниот Газиантепспор.