На латински ја викаат „девојка“. Несомнено затоа што е едно од најубавите но и најнежни дрвја што постојат. Кај нас ја викаме бреза. Со позлатени лисја наесен, со блескаво бела кора и сино небо како позадина ù нема рамна. Сепак, за жал, сè почесто гледаме вакви нежни и преубави дрвја на умирање или веќе мртви. Што се случува со брезите кај нас?