Таг: ден на мајката

Имам нешто да ти кажам

Денес е ден на мајка ми, а и на мајка ти. Мој, на моите пријателки, на мајките на моите пријателки, на мајка и на мајка ми, на мајка ти стара, молчалива, прекрасна или досадна, зболеста или дебела, избраздена, уморна, болна, распеана, на мајка ти голема, на мајка ти која ти е потпoра, утеха, мелем, сигурност, заштита и среќа. На мајка ти која ти е другар. На мајка ти со која повремено не се согласуваш. На мајка ти која ќе биде многу причини за тоа што си, за тоа што не си и за тоа што ќе постанеш. И на мајка ти која веќе ја нема.