На денешен ден во 1995-та година, шпанска Сарагоса и Арсенал играа финале на Куп на купови во Париз. Шпанците поведоа преку Еснајдер, Хартсон израмни, а во последните секунди од продолженијата пред пеналите Најим го шокираше Симан од преку 40 метри.
Околу 4 месеци пред Шаќири да го попари Дејвид Симан од корнер, нешто слично му приреди и Роналдињо. Тоа се случи на денешен ден пред 17 години кога Бразил го освои СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Незаборавна мундијалска сцена од четвртфиналето Англија - Бразил.
Пол Пескисолидо од Шефилд Јунајтед веројатно уште се држи за глава од оној 13 април 2003-та година кога на мечот против Арсенал од едно метро ја пикна топката во гол, а Симан ја извади. Оваа негова славна одбрана е една од најдобрите во историјата на Премиер лигата.
Кога се зборува за гол од корнер, прв кој ни паѓа на памет е Артим Шаќири. Освен легендарниот македонски репрезентативец кој во 2002 година го замолкна Саутемптон, голови од корнер даваа и многу други играчи ширум светот. Еве ги најубавите.
Легендарниот голман на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Симан денес го слави својот 50 роденден. Ние како големи почитувачи на ликот и делот на Дејвид Симан, би сакале да ја искористиме оваа прилика и да му го честитаме јубилејниот роденден со еден видео клип.