Таг: дејан љубичиќ

Што направи бе младичу?

Имаме нов, многу сериозен кандидат за признанието промашување на сезоната. Тоа е Дејан Љубичиќ од Келн на дуелот против Херта Берлин. Се ушепртља на метро од гол мислиш Стам и Кембел се пред него. Но има голема среќа? Знаете зошто? Го реши мечот во продолженијата со гол од пенал и тоа во 121-ва минута.

Браво Дејане

Од големиот чаршав на 24 натпревари од натпреварите во Лига Европа голем впечаток ни остави едно голчиште од мечот Рапид Виена - Дандолк 4:3, единствен каде падна седмица. Го даде 23 годишниот Дејан Љубичиќ кој успеа да испали проектил без залет.