Таг: дејан блажевски

Каква ЛШ, гледајте го голчиштето на Дејан Блажевски

Што ќе го гледаш ПСЖ кога со Меси - Нејмар - Мбапе, не можеа Клуб Бриж да го победат. Дербито Победа - Вардар во Купот на Македонија, донесе спектакуларен еврогол, дело на 35 годишната искусна коска на Блажевски. Вардар помина на пенали.

УЕФА не го заборава голчиштето на Блажевски против Зенит

Од нигде никаде во сред квалификации за Светско, УЕФА на својата Фејсбук страна наменета за Лига Европа која ја следат 16 милиони фанови, потсети на волејот на Дејан Блажевски против Зенит кога Вардар ја играше историската прва сезона во ова натпреварување. Зенит победи 2:1, ама голот кој заслужува внимание е оној на фудбалер на Вардар.

И Дејан Блажевски даде гол со ножички

Ножичките не ги измисли Роналдо, туку тие се сега ин бидејќи ги направи Роналдо. Газета дело Спорт објави извонредна компилација со Крауч, Руни, Џоркаеф, Пруцо, Ибрахимовиќ, Ван Бастен, Виали и Пеле, за да не потсети кој сè се има испружено со оваа акробација.

Трагикомична судиска одлука во скопското дерби

Фудбалерите на Работнички го совладаа Вардар со 2:1 во дербито на колото во првата македонска лига. Ах колку ни е мизерна таа наша лига која веќе ни семкарите не ја следат. Дејан Блажевски зема да се витка и да се држи за колено како да го тепале со шипка, а голманот на Работнички, Даниел Божиновски доби црвен картон за ништо. Уште почудно е што главен судија на мечот беше Александар Ставрев.

Евроголот на Блажевски за најавните шпици

Вардар има катастрофален скор од 2 дадени и 19 примени голови по 5 минати кола во Лига Европа. И двата гола кои ги постигнаа на гости се празник за очи. Првиот го постигна Хуан Фепиле против Розенборг, а вториот Дејан Блажевски во 93-та минута против Зенит.

Педро во стилот на Блажевски

Атрактивниот гол со ножички на Дејан Блажевски од Турново веднаш се најде на порталите каде можеме да ги видиме најубавите голови од сите лиги во светот. Воодушевен од оваа мајсторија против Еуромилк, Педро од Барселона почна истото да го вежба на тренинг.