Борац Бања Лука го елиминираше на пенали албанскиот клуб Егнатија во првото коло од квалификациите за Лига на шампиони. Босанскиот тим славеше 4:1, а македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски два пати одбрани во пенал серијата, откако првиот пат излезе порано од гол линијата, па ударот мораше да се повторува. Во второ коло ги чека сериозен противник, а тоа е ПАОК.