Во решавачкиот меч за пласман во четвртфинале, Литванија претрпе голема судиска неправда откако при резултат 76:75 не беше досуден контакт со обрачот од страна на францускиот центар после второто промашено слободно фрлање. Селекторот на Литванија Даиниус Адомаитис беше бесен како рис на пресот. Со право би се рекло.