Таг: city of london

Градот и Лондон

Ако мислите дека кај нас е комплицирана целата шема со локалната власт (еден ти прави улица, друг ти зема пари за паркинг), чекајте да видите што се случува во Лондон. За почеток има Лондон (она на што сите мислиме кога ќе кажеме Лондон) и City of London, што му доаѓа нешто како автономна територија во рамките на овој првиот.