Е вакви натпревари сакаме. Се преслика вчерашното прво полувреме меѓу Шпанија и Франција. Повторно гледаме отворен и атрактивен фудбал со шанси и голови и конечно фудбал заигра Англија која во воведните 45 минути имаше 8 удари од кои 3 во рамки на гол, како и 65% поседн на топка. 7-ма минута прекрасен гол на младиот Симонс, 11 минути подоцна пенал за Кејн.