Пенал сериите во финалињата од Лигата на шампионите знаат да извадат интересни потези на голманите кои решаваат да останат на средина на голот, но веројатно никој немал храброст во таков важен момент да прави мајтап како Брус Гробелар. Голманот од Зимбабве кој 13 години го носеше дресот на Ливерпул имаше среќа што пеналџиите беа слаби.