Се вика Гастон Сеса, има 41 година и важи за најнасилниот голман во Јужно-американскиот фудбал. Поради намерен фаул, вчера доби директен црвен картон на мечот меѓу неговата Бока Унидос и Ол Бојс. Неговиот див карактер добро му е познат и на Родриго Паласио од времето кога напаѓачот на Интер играше за Бока Јуниорс.