Таг: бернд лено

Дали е нормално ова што го направи голманот на Арсенал?

Навивачите на Арсенал дефинитивно би можеле да волонтираат за некоја клиничка студија за преживеаниот стрес и нервоза. Играчите на овој клуб не само што играат топло-ладно веќе со години, туку сезонава и прават толку апстрактни потези што тоа е за неверување.

Херојската одбрана на Лено vs Лукаку

Манчестер Јунајтед синоќа имаше шанси за да се спаси од пораз и да ја продолжи успешната низа на Солскјер, но проблемот се викаше Бернд Лено. Обрнете внимание како му одигра еден на еден на Лукаку откако овој доби топка со очи од Рашфорд. Многу јака одбрана со нога е ова, шпага направи.