Таг: басконија

Атракција во Евролигата на новиот репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Ди-Џеј Стјуарт го има најатрактивното забивање во новата рунда од Евролигата. Американецот кој летово доби македонски пасош и веќе одигра еден натпревар за нашиот национален тим, ја заби душмански на дуелот за неговата Басконија против Реал Мадрид. Стјуарт постигна 13 поени со само едно промашување од игра. Кралевите беа подобри со 104:86.

Не би нагаѓале што би му направил Жељко за ваков фаул

Во 23. коло од Евролигата Реал Мадрид само благодарение на противничкиот играч Ник Стаускас, бекот на Басконија, славеше 70:69. Имаа гостите нерешен резултат и продолженија во рака на само 4 секунди пред крајот, за Канаѓанецот Стаускас буквално на 2 секунди од сирената за крај да го фаулира Кампацо. Соиграчите полудеа, а тренерот Душко Ивановиќ се држеше за глава.