Барселона славеше 4:1 против Борусија Дортмунд во осминафиналето од младинската Лига на шампиони, а голот на сезоната го постигна 17 годишниот Жорди Мбоула кој им го помати умот на двајца гостински играчи.
Како предигра за дербито Барселона - Рома на Камп Ноу, играчите до 19 години на двата тима одиграа меч со шест голови. Барса водеше 3:0, Рома на крајот израмни 3:3 а играч на мечот беше домашниот Карлес Алења.