Го имаме водачот на колото. Се вика Лело Пинто, верен човек на Барлета која се натпреварува во Серија Ц. Не е важно тоа што клубот е третолигаш. Токму таму се наоѓа големата страст за навивање и енергија која сама му излегува на трибина. Ваквите ликови се фиксни на стадион и на денот на одигрување на натпревар, празник му е во душата.