Сенегалецот Горги Џенг од Минесота на натпреварот против Оклахома беше побрз од звукот на сирената и постигна поени со цепелин, но во погрешен кош.
Пожртвуваноста не секогаш се исплати. Тоа најдобро го знае Џејмс Јанг од Универзитетот Кентаки кој во обид да спаси топка од аут, си постигна автокош.
Немаме информации кој е пациентов кој се обиде дури 4 пати да постигне кош под сопствениот обрач, но можно е да се работи за пијана работа во некоја колеџ лига.