Австралија ги укина ограничувањата поради ковид. Во јули 2022-та ја укина задолжителната вакцинација за посетители. Во ноември ја тргна официјалната забрана за влез на Новак Ѓоковиќ. И, минатиот месец тој пристигна во Австралија, без никаков проблем. Се чини спласна хистеријата со која беше дочекан пред година дена.