Таг: арда ѓулер

Голчиште на Ѓулер, Реал ја следи резултатски Барса

Како први, така други. Само еден ден по триумфот на Барселона над Мајорка од 1:0 и фудбалерите на Реал Мадрид славеа со идентичен резултат. Хетафе на гости го реши Арда Ѓулер со убав гол. Разликата останува на 4 бода. Во сабота е финалето во Копа дел Реј меѓу Барса и Реал со почеток од 22 часот.

Машала дриблање Арда Ѓулер, попара ги направи

На 19 години, ретко кој вака си поигрувал со противниците во дрес на Реал Мадрид. Арда Ѓулер ја игра втората сезона на Бернабеу. Лани беше одличен со 12 настапи и 6 гола, а оваа сезона веќе има 13 натпревари. Се чека првиот негов гол. Детево е иднината на Турција и Реал.

Триаголникот на Карло Анчелоти

Реал Мадрид петочки го совлада Реал Сосиедад на гости со 0:1 и веќе прашање на денови е кога ќе ја освои титулата. Мечот го реши големиот турски талент, 19 годишниот Арда Ѓулер кој до сезонава доби само 8 можности за настап на сите натпреварувања. Прекрасната акција и завршница одеше преку триото Чуамени - Карвахал - Ѓулер.