Во финалето на Европското првенство на денешен ден 1976 во Белград играле Чехословачка и Западна Германија. После продолженијата резултатот бил 2:2 и се изведувале пенали. Првите седум пенали биле реализирани, а Ули Хенес шутирал над голот. Редот му дошол на Антонин Паненка кој под огромен притисок го извел најубавиот шут во фудбалот и им ја донел титулата на Чехословаците.