Таг: андре силва

Андре Силва со епско промашување во Бундеслигата

Знаете што? 7 метри и 32 сантиметри е ширина на голот, а 2 и 44 е висина. Па ова и јас би го дал на празен гол, рече коментаторот на мечот Лајпциг - Борусија Менхенгладбах 4:1.

Глумец на колото

Добро вика едниов од коментаторите на мечот Волфсбург - РБ Лајпциг. Дали се играчиве свесни дека ги снимаат 38 камери од различни агли? Како може да падне и да се држи за лице ако не го пипнале? Епа може. Андре Силва од Лајпциг.

Андре Силва и гулабите

Промената на средината од Милан во Севиља ептен му годеше на португалскиот центарфор Андре Силва затоа што веќе постигна три гола во толку одиграни кола во Ла Лига. Ама синоќа против Хрватска на пријателска покажа дека шутот мора да го вежба.

Андре Силва можеше да ја има асистенцијата на годината

Младиот напаѓач од Португалија се најде во една сосема неочекувана ситуација во шеснаесетник, но така добро се снајде и го проигра Чалханоглу, што ако голманот на Сампдорија не го одбранеше ова, Силва ќе добиеше честитки од цела Италија за асистенцијата која за жал сега му се брои само како додавање.

Во откритие на Андре Силва - наследникот на Паулета

21-годишниот Португалец е најозборуваниот фудбалер деновиве, а не случајно новите газди на Милан прифатија за него да избројат 38 милиони евра плус бонуси.