Тоа што во западните медиуми се озлогласени (со право или без) како извор на расизам, нетрпеливост и генерално хаос, не значи дека на руските стадиони не вирее ред, мир и убавина.
Нигериецот Чума Анене до скоро беше еден од подобрите фудбалери по македонските ливади, а вчера го скроти големиот Зенит. По трансферот од Работнички во Амкар, Анене го постигна првиот гол во Русија против гигантот Зенит и тоа на дебито за новата екипа. Мечот заврши 1-1.