Таг: александер исак

Среќен роденден Исак со асистенцијата која вреди повеќе од гол

Има многу атрактивни голови и потези на кои човек може да се потсети по повод денешниот роденден на Александер Исак. Но, ако треба да се издвои едно нешто, тоа сигурно е ова против Евертон додека го носеше дресот на Њукасл. Честитките отидоа кај него, а не кај стрелецот на голот. Страшна соло лудорија.

Два убави гола во репрезентативните пресметки

Александар Исак (Шведска - Северна Ирска 5:1) и Вацлав Черни (Гибралтар - Чешка 0:4) се издвоија со фини голчиња на синоќешните битки на стариот континент. Првата пријателска, втората квалификациска за Светско.

Дриблинг на Исак од Њукасл кој до сега не е виден во фудбалот

Александер Исак на дуелот Шведска - Азербејџан 6:0, им продаде финта во шеснаесетник каква што не се памети. Со грб бе го издрибла, еј. Осум пати го пуштивме клипов.

Го направи мајмун без да ја пипне топката

Напаѓачот на Реал Сосиедад Александар Исак има само 19 години, ама како искусно го излета чуварот, секоја чест. Дриблингот без допир на топка се случи на квалификацискиот меч Фарски Острови - Шведска 0:4 на кој Исак беше двоен стрелец.