Европскиот првак Шпанија ја оправда фаворитската улога против Србија и ја доби со 3:0. Мората промаши пенал, а Србите најголемата шанса ја имаа на 1:0 преку Митровиќ, израмнување кое можеше да донесе голема возбуда и неизвесност. Најубавиот момент на мечот е слободниот удар на Алекс Баена.