Навивачите на Беласица од каде произлезе најголемиот фудбалски бисер со светска слава, Горан Пандев, со една парола ги затнаа устите на сите власти и моќници кои дозволија кладилниците да го окупираат градот и да го надвладеат интересот за спорт кај младите.
Гордоста на Струмица, клубот за кој душата ја даде бате Ване и во кој Горан Пандев ги направи првите фудбалски чекори, слави голем јубилеј од 100 години. Навивачката група Ајдуци приредија голем спектакл на стадионот Младост.
ФК Беласица има 6 порази по првите 6 кола во првата фудбалска лига, како и очајна гол разлика од 1 даден и 17 примени голови. Навивачите направија инцидент, само нејасно е со кого се тепаат, освен што се забележуваат полицијаци на снимкава.
Најверните навивачи на струмичка Беласица решиле пред дербито со Тиквеш од втората лига во сабота, да го посетат Кавадарци и притоа да остават трага дека биле во овој убав град. На табелата во втората лига Исток, после 9. кола Беласица е втора со 20 бода а Тиквеш шести со 12.