Популарниот столб во одбраната на Металург и македонската репрезентација, кој по завршувањето на кариерата остана да работи во Германија, во Дизелдорф се појави со уникатна маица на која стои: „Ние сме Македонци, пиеме ракија и јадеме скара“.
Соиграчите на нашиот репрезентативец Ацо Јоноски од германскиот СГ Ратинген 2011 уште се под импресии од навивањето на македонската публика на Европското првенство кое го следеле во живо. Од глава не им излегува најголемиот хит на трибините.
Го викаат шибер и ќе фали многу во одбрана кога ќе реши да крене рачна. Инаку тој секогаш ги крева рацете за да покаже дека не е крив, без разлика што има соборено сè живо што се обидело да и даде гол на Македонија. Ацо е ѕвер, тоа го знаат и од ЕХФ кои направиле мајтап со него.