Зезалици

Се скарале Скандинавци, и ништо интересно не се случило

Да ти се смачи колку се неспособни Скандинавциве да се спукаат како луѓе. Колку се некадарни да распламтат еден поштен меѓунационален судир. Каде се тука мајките и сестрите? Каде е тука крвопроливање? Каде е господ и секогаш погрешната религија? Каде се народните херои? Каде е "не тој е наш херој"? Каде е "ние ве измисливме"? Како они само мислат дека со вакво однесување некогаш ќе се приклучат кон Балкан? Никад. Ќе скапат горе на тоа студот.

25 новинарски заповеди

Пoранешен уредник во Гардијан, Тим Радфорд, го кондензира своето новинарско искуство во јасни, иако понекогаш сурови правила за оние со амбиција да се занимаваат со оваа професија.

Ај да цртаме

Имате 20 секунди да го нацртате објектот кој ќе ви биде зададен а тоа машинчето треба да погоди односно да ви го признае резултатот.

Вистината во филмови базирани на вистински настани

Пример, The Big Short, филмот за хипотекарната криза во САД е 91,4% идентичен со настаните на кои се базира. Кај Bridge of Spies, тоа е и понатаму високи 89,9%. За разлика од нив The Imitation Game, филмот за Алан Туринг ги масакрирано вистините настани.

(Драги) камења на македонското новинарство

Колекција создавана десетина години, во редакциите на неколку македонски дневни и неделни весници, со цел уредниците и редакторите на ваквите писанија да се изборат за право на бенифициран стаж. Добра вест: дел од авторите на лапсусите во меѓувреме го напуштија новинарството. Лоша вест: дел од нив денес се угледни и влијателни репортери и уредници. Или заминаа во политичари.

Да вратиме малку верба во нив...

Женски мудрости: "Не дозволувај да талкаат мислите на твојот маж. Премали се за да бидат сами надвор".

Машки ѕид на плачот

Они да си олеснат, а ти да се утешиш дека не си само ти на неразумни маки.

Случајноста е начин на кој Господ останува анонимен

Куршум што ја стигнува целта неколку години подоцна, три обиди за самоубиство спречени од ист монах, роман што неочекувано го опишува рускиот шпион од соседството... се само три од десетте примери на зачудувачки коинциденции, случени некогаш и некаде.

Гугл би да ги дигитализира вашите стари фотки

Во теорија исто е како да ставиш која било стара слика пред телефон и да ја сликаш. Во пракса Гугл го има малку разработено целиот систем, па те тера да фотографираш четири различни делови од сликата кои после го спојува во совршена копија.

Третата опција во воспитување дете

Првата опција е да му викаш, ама веројатно е дека само дополнително ќе се изнервираш, а он и понатаму нема да те слуша. Втората опција е да го тепаш, ама и покрај првичните успеси, на долг рок ќе бидеш во була. Третата опција, и за сега единствена која изгледа како да успева е - да го срамиш пред другарите / другарките.

Писмо од изнервиран тајкун до нацијата

Едни се родени за да владеат и имаат, а други за цел живот да бидат сиромашни, и што може тука да се направи; апсолутно ништо!

Џо Бајден меме на денот

Актуелниот потпретседател на САД, за време на кампањата во еден момент порача и дека би сакал да се проба со Трамп, еден на еден. Ова уште го држи и кога завршија изборите, и никако не му оди да му ја даде Белата куќа на новиот претседател.

Пост-изборна терапија

На станица во њујоршко метро, стотици луѓе на стикери си ги пишуваат маките или се куражат меѓу себе дека победата на Трамп (можеби ) и не е крај на светот. Стикери? Кај нас на 12-ти декември со фломастери и хамери ќе се оди на автобуска.

Ја имаме реакцијата и на Јоко Оно

По победата на Доналд Трамп, се огласи и Јоко Оно која зборовите ги замени со неколку препознaтливи тонови од нејзиниот музички опус.

Отворено писмо на Џон Клиз до САД

До граѓаните на Соединетите Американски Држави,
Во врска на вашиот неуспех да изберете компетентен претседател на САД и сами да се управувате, со ова ви се дава на знаење дека вашата независност е поништена, а одлуката е ефективна од денес.

А сега, наука: Кисела зелка!

Или изгоревме за наука или изгоревме по зелката, која поради топлото време уште не е стасана. За првото: ви се верува дека американски научници три години претурале каци со зелки за да го најдат оптималниот начин за киселење?

Боросани

Една комшика ги носеше и по дома. "Ми ги излечија вените!" викаше таа и топло ѝ ги препорачуваше на мајка ми. Таа сепак не ги сакаше. Штикла или пропаст!

Доналд Трамп е најновиот српски војвода

На дното на кацата на српската политичка сцена се случуваат масовни ејакулации по победата на Трамп. Пишурија, нормално.