Канта

Народна република Донетск, кадровски решенија

Министерка за култура: Наталија Воронина
Јавна Обвинителка: Марија Катасанова
Министерка за надворешни работи: Екатерина Губарева

Сонцето е ладно

пишува: Слаѓана Велков, првоборец против вакцината и поборник на јадење сирова храна.

Перспектива на животот

Како изгледа од твоја гледна точка, наспроти како навистина изгледа.

Гугл го смени логото!

Којзнае колку истражувања, фокус групи, советувања, дизајнерски решенија, преправки и враќања на доработка претходеле на овој смел чекор на Гугл.

Македонија е WTF?

Словачкиот уметник Мартин Варгич создал мапа на светот од предрасуди и стеротипи. Забавно е да се зумира по мапата која содржи преку 1.800 стереотипи за држави и региони.

Проект: ладно пиво за секој двор

Насловот звучи премногу лесно и проектот како таков веројатно го остварувате неколку пати неделно, ама не збориме за тоа. Идејата е ладно пиво во секое време, без фрижидери, струја, кабли и слични потребштини. Се што ви треба е дупка во двор.

Свадбена вест на денот

Иако симпатична е и македонската гуглизирана верзија на свадбата на неподносливо присутните Ким Кардашиан и Канје Вест, најдобрата вест за свадбата сепак ја имаше Њујорк Пост.

Твитер емоции

Како да го гледаш кодот на Матрикс, само што се работи за Твитер. Следење во живо на сите популарни емотикони кои се исфрлаат на оваа социјална мрежа.

Рагби фер-плеј

Затоа што сме навикнати за кој било фаул на фудбал да потрошиме незамисливо многу време (во споредба со тоа колку заслужува), да се палиме и до смрт да му памтиме клизачи на некого, може ќе ни дојде чудно како вистински мажи се справуваат со фаул (како овој на сликава)

#ПосетигоИбрахим

Студент останува делумно парализиран во сообраќајка и завршува во болница на подолг период. Додека е таму, никој ама никој не му доаѓа во посета, ниту семејството. Тој пушта твит дека е сам и дека никој не го посетува. После твитот се случува ова:

Животот против близнаците

Компилација на карши-карши фотографии од идентични близнаци, поточно близнаци кои биле идентични кога се родиле пред повеќе од 50 години. Фотографиите се на еден кинески фотограф (Гао Ронг Гуо), а луѓето ги построил пред апарат за да покаже како различниот живот влијае на нив.

Кодот на Пиксар

Дизни и Пиксар кријат еден мистериозен код во своите филмови. И како и сите махери, ја кријат од нас така што секогаш ни ја ставаат пред очи.

Денов

Проблемот е што денов трае последниве 10 дена, а и не планира да промени ништо околу себе во некоја разумна иднина.

Забавни вистини кои болат

Животот во 21-от век  може да изгледа и урнебесно и депресирачки. Неколку инфографици на таа тема.

Толковен речник за разговор со клиенти

Конкретно за клиентите на тема дизајн.

Упатство што е доволно задоцнето за да биде нерелевантно

Доцнењето е што Велигден пројде, а упатството е како да направиш тврдо варени јајца, а да не бидат како глина со вкус на сулфур. Од друга страна, тоа што заврши Велигден не значи дека во идните година дена нема да свариш јајца. Внимателно оди чекор по чекор, целата работа има многу логика и многу хемија.

Версај за хаусмајстори

Роберт Полидори е канадски фотограф кој во 80-те ги добива клучевите од Версај. Ама не од овој денешниов исполиран Версај, туку од палатата во периодот додека уште трае нејзината реставрација. Дали е замок или гарсоњера, правилата за реновирање се исти: тргни сè на страна и прежали го патосот.

Нобел има проблем со чекањето

Ако си врвен светски научник на тема физика, хемија или медицина, и ако откриеш нешто спектакуларно во твојата област, тогаш слободно можеш да очекуваш да добиеш Нобелова награда за нешто повеќе од 20 години.

Неколку Русинки што читаат вести

Конкретнава берба е од два канала на ВГТРК ( Всероссийская государственная телевизионная и радиовещательная компания) - Россия-2 и Россия-24. Сè ова се презентерки на вести. Да не си пипнал даљинското.