Два комшиски балкона. Едниот апартман го држат двајца дечки, во другиот се две девојки. Не треба да сте магистар по родови студии за да ви стане јасно кој е каде.
Ресторанот се вика Карпа (The Rock), се наоѓа во Занзибар, поточно на 7 метри од брегот на Занзибар, и изгледа како да го правел некој кој може да ги прочита сите ваши кафански фантазии што не сте знаеле да ги опишете со зборови.
Човекот е креативен директор во маркетинг агенција, па целиот проект го има крстено доволно самообјаснувачки да не мора ние ништо да дополнуваме - Combophotos.
Се изнапишувавме бројки и анализи за она што ѝ се случува на Грција. Малку да смениме жанр. Во карикатурите на некоклумина светски карикатуристи ја имате Грција и како мрзливо и разгалено детиште и Грција решена да им се спротивстави на моќниците како Германија и Франција.
Затоа што никогаш нема потполно да го разбереме потенцијалот за сеир што го имаат маичките испишани со јапонска / кинеска / корејска азбука, ако не видиме на што личат нивните маички испишани со англиски слогани. Да, многу веројатно е дека истото важи и за твојата тетоважа со кинески букви.
Од 2008-ма до 2014-та фотографот Џоно Ротман добива пристап до најголемата банда во Нов Зеланд - Монгрел Моб. Кошмарниве ликови се негови фотографии од членовите.